ТРЕНИНГ-ОБУКА ЗА НАПРЕДНО НИВО НАМЕНЕТА ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА ПРИДОБИВКИ И ОБВРСКИ ПРИ ВРАБОТУВАЊЕ ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП

Скопје                 

Во рамките на овој проект веќе се оджаа четири обуки на основно ниво наменети за компаниите на тема: „Инклузија на лицата со хендикеп на работното место“во Скопје, во Штип, во Велес и во Кавадарци.

 Тренинг-обуката за напредно ниво е наменета за компаниите, со цел да се надмине недоволната информираност на компаниите за различни прашања поврзани со вработувањето и задржување во работен однос на лицата со хендикеп. Преку овој Проект се таргетираат компаниите кои се подготвени и сакаат да вработат лица со хендикеп, или, пак, веќе имаат вработено такви лица. Постои цел сет на активности што се насочени и кон институциите и компаниите, со цел да се отворат нивните врати за целосно и ефективно вклучување на лицата со хендикеп во работните процеси.

 

ТРЕНИНГ-ОБУКА ЗА ОСНОВНО НИВО НАМЕНЕТА ЗА КОМПАНИИТЕ НА ТЕМА: "Инклузија на лицата со хендикеп на работното место"

Скопје

Во рамките на овој проект се оджаа четири обуки на основно ниво наменети за компаниите на тема: „Инклузија на лицата со хендикеп на работното место“ во Скопје, во Штип, во Велес и во Кавадарци.

 Тренинг-обуката беше наменета за компаниите, со цел компаниите да се  информираат и запознаат со придобивките и обврските кои ги имаат при вработувањето  лица со хендикеп, а во насока на создавање инклузивна работна сила.

 

Тренинг на тренери – Инклузија на лицата со хендикеп во компаниитЕ

20 и 21.05.2017, хотел Континентал, Скопје                 

Со цел да се поддржи работата на државата и нејзините служби при наоѓање, задржување и напредување на работното место на лицата со хендикеп, Полио Плус – движење против хендикеп и Стопанската Комора на Македонија имплементираа дводневна обука на претставници на релевантните чинители во ова поле.                 

Со обуката беа опфатени претставници на Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за вработување, неколку меѓуопштински центри за социјална работа, две училишта и неколку заводи кои имаат ингеренции кон обезбедување на целосно и ефикацно вработување во отворениот пазар на труд.                 

Преку зголемување на нивните капацитети за правилна евалуација на можностите и интересите на секое лице посебно, на евентуалните дополнителни обуки/вештини кои би било потребно да се стекнат за лицето да се вработи согласно сопствените афинитети, како и на начините на поддршка на вработувањето и работењето на лицата со хендикеп, учесниците стекнаа и знаења кои ќе им овозможат во иднина да ги обучуваат и своите колеги, покрај вршењето на суштествената работа на терен. 

Работилница Поддршка за самовработување на лица со хендикеп

20.05.2017, хотел Континентал, Скопје 

Во изминативе неколку години имаме и успешни приказни на самовработени лица со хендикеп, поддржани и преку активните мерки за вработување на Владата на РМ и преку активности на УНДП. Координирајќи се со нив, ја согледавме потребата од дополнителна таргетирана поддршка на овие (и останати) самовработени лица со хендикеп.                 
Затоа и ја имплементираме оваа работилница, преку која Центарот ќе понуди таргетиран пристап кон темите и предизвиците со кои се соочуваат самовработените лица со хендикеп, но и ќе има една унифицирачка карактеристика кон заедничките обележја кои ги имаат сите бизниси – финансиското работење и водење на администрација.                 
На оваа работилница, во 2 работни сесии беа опфатени три главни теми: клучните карактеристики за сите компании независно од дејноста, административното работење согласно закон, како и основите на финансиско работење.  

Работлиница Зајакнување на капацитетите на лица со хендикеп за самовработување

19.05.2017, хотел Континентал, Скопје                 

Преку развивање на капацитетите за самовработување на лицата со хендикеп Центарот придонесува кон зголемување на нивната самостојност, економска самоодржливост, но и кон нивната животна самореализација. Лицата со хендикеп и нивните семејства преку оваа работилница можеа да стекнат бизнис, вокациони и маркетинг знаења и вештини.                 
Иако таргетирана, работилницата е апликативни за широк спектар на бизнис идеи. Со тоа придонесуваме кон подотворување на вратата на целокупниот пазар на труд за сите лица со хендикеп. А на тој начин ќе придонесеме и кон осигурување на инклузивен отворен пазар на труд и намалување на сегрегацијата во вработувањето и работата на лицата со хендикеп.                 

На оваа работилница, во 4 работни сесии, беа опфатени основите на бизнис планирањето и опфатот на бизнис плановите, со тоа што индивидуално беше овозможена поддршка на секој учесник во изработка на сопствен бизнис план. Со поддршка од експертите учесниците изготвија бизнис планови, кои беа разгледани и оценети од експертите.

Работилница Зајакнување на капацитетите на лица со хендикеп за самопретста-вување во процесот на интервју со работодавач

18.05.2017, хотел Континентал, Скопје 

 Интервјуто најчесто е вториот чекор во процесот на избор на најдобриот кандидат. Тука, работодавецот ја има можноста подетално да ги запознае кандидатите кои се пријавиле за работното место. Обично интервјуто се состои од неколку клучни прашања за работната позиција, кои покриваат претходно работно искуство, познавање на дејноста на компанијата каде сте аплицирале, искуство во исполнување на работните задачи кои се предвидени за конкретното работно место, како и прашања со кои се тестира апликативноста на знаењата и вештините кои кандидатот ги поседува. 

 На оваа работилница посетителите со хендикеп имаа можност да се стекнат со практични знаења и вештини околу тоа што претставува интервјуто и зошто е тоа клучен чекор за вработување, околу начините на држење и однесување при запознавање со спроведувачот, како и околу клучните теми и поенти на кои треба да се обрне внимание при интервју. Работилницата ја заокруживме со вежба на спроведување на интервју.

Работилница Зајакнување на вештините на лицата со хендикеп за изготвување на кратка биографија  

18.05.2017, хотел Континентал, Скопје                 

Кратката биографија е првиот контакт кој потенцијалниот работодавец го има во Вас. Затоа, квалитетот со кој е изработена кратката биографија и информациите кои во неа се наведени, директно влијаат на првиот впечаток кој ќе го оставите кај работодавецот. А, колку е подобар тој впечаток – поголеми се шансите за надминување на овој прв „филтер“ во селекција за саканото работно место и добивање на покана за интервју.                 
На оваа работилница, присутните лица со хендикеп имаа можност да ги запознаат начините и техниките на изготвување на квалитетна и конкурентна кратка биографија, а со тоа да си ги зголемат шансите за добивање на посакуваното вработување. Дел од темите на работилницата опфатија: 


  -          Значење на кратката биографија
  -          Неопходни делови во кратката биографија
  -          Техники на изготвување на кратката биографија
  -          Акцентирање на силните страни и Изработка на кратка биографија.

Работилница Градење, одржување и унапредување на меѓучовечките односи на работното место 

17.05.2017, хотел Континентал, Скопје                 

Дел од програмските активности на Полио Плус е постојаното градење на капацитетите на лицата со хендикеп, преку одржување на работилници, тренинзи, семинари и обуки. На оваа работилница лицата со хендикеп кои се вработени или се активни баратели на работа имаа можност да се стекнат со практични знаења и вештини за како да градат, одржуваат и унапредуваат меѓучовечките односи на работното место.                 

Имајќи ги предвид општите специфичности на феноменот хендикеп, но, поважно, и на конкретните видови на хендикеп, градењето и одржувањето на ефективни работни односи со колегите и претпоставените се поставува како важно прашање. Ова е така затоа што воспоставувањето и негувањето на хармонијата на работното место е императив. Имајќи го предвид и релативно високото ниво на стигма кон лицата со хендикеп низ општеството, оваа работилница се осврна и на начините за надминување на евентуалните пречки од оваа природа во односите со соработниците и надредените. 

Почеток на курсевите за лица со хендикеп по основни компјутерски вештини и по англиски јазик

Април 2017                

Како дел од активностите во рамки на проектот „Центар за вработување на лица со хендикеп“, Полио Плус и Стопанската комора на Македонија овозможуваат курсеви за лица со хендикеп за стекнување со основни компјутерски вештини и знаење на англискиот јазик. Во овој циклус се пријавија голем број на кандидати и оформивме 4 групи за курсот по компјутери и 1 голема група за англиски јазик. 

Надоградувањето на вештините и знаењата е клуч кон зголемување на сопствената вработливост и кон понатамошно напредување во кариерата на секое лице. Преку овие курсеви целиме да овозможиме на слушателите практични знаења кои ќе бидат директно употребливи, како во професионалниот живот, така и во приватниот.                 

Имплементатор на основниот курс по комјутерски вештини е СЕМОС, а по успешно завршување слушателите кои ќе го положат тестот ќе добијат меѓународно признаен серификат. Од друга страна, почетниот курс по англиски јазик го имплементира Летиком Плус

ОТВОРЕНА КАНЦЕЛАРИЈАТА НА ЦЕНТАРОТ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА ЛИЦА СО ХЕНДИКЕП ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ

Март 2017                 

Еден од стратешките чекори во имплементација на проектот, но и во воспоставување на функционално седиште за координирање на активностите на Центарот е остварен – во Скопје ја отворивме канцеларијата на Центарот за вработување на лица со хендикеп.                 
Стациониран на улица Димитрие Чуповски, во зградата на Стопанската комора на Македонија, на приземје, Центарот е еден од највидливите објекти. Во просториите на Центарот во работно време можете да ја најдете г-ица Бранкица Димитровска, координатор на Центарот, и да добиете информација од Ваш интерес. Исто така, волонтерите кои ги опслужуваат потребите на Центарот се тука да Ви асистираат и на Вас.                 

Повелете, посетете нé!

Конференција за отпочнување на проектот Центар за вработување на лица со хендикеп  


22.02.2017, хотел Холидеј Ин, Скопје

Полио Плус – движење против хендикеп во партнерство со Стопанската комора на Македонија започнуваат со реализација на заеднички проект „Центар за вработување на лица со хендикеп“. Цел на проектот е поголемо вклучувањето на лицата со хендикеп на  пазарот на труд преку подобрување на нивните вештини, образование, квалификации кои ке придонесат за нивна целосна интеграција во општеството. 

Преку овој проект ќе се изгради мост меѓу лицата со хендикеп и компаниите со цел обезбедување на сите неопходни и потребни стручни знаења, обуки и практики за јакнење на нивните вештини и капацитети кои ке придонесат за нивен интегриран пристап до пазарот на труд. Паралелно компаниите ке бидат информирани за бенефитите кои ке ги добијат при вработување на лица со хендикеп за да се  обезбедуваат адекватни услови за нивно целосно интегрирање.